LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
85
Меморија
Можете да ја надгледувате искористената и достапната внатрешна 
меморија на уредот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Меморија.
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и 
достапниот простор на меморијата на вашиот уред со текст и 
со графикон со лента во боја (неискористениот простор е сив). 
Апликациите и соодветниот простор кој го заземаат е наведен 
под секој корисник на уредот.
SD КАРТИЧКА
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и 
преостанатиот достапен простор на мемориската картичка.
Воспостави/Оневозможи SD картичка – Ви дозволува да ја 
овозможите или оневозможите вашата SD картичка.
Избриши SD картичка – Ви овозможува да ги избришете сите 
податоци на вашата SD картичка.
Штедење на батерија и енергија
Ги прикажува моменталниот статус на батеријата вклучувајќи го 
процентот на преостанатата енергија и статусот на полнење.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Штедење на 
батерија и енергија.
Употреба на батерија – Го прикажува нивото на користење 
на батеријата и деталите за користењето. Допрете еден од 
елементите за да погледнете подетални информации.
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте 
за приказ на процентот на наполнетост на батеријата, на 
статусната лента покрај иконата за батерија.
Заштеда на Eнергија – Допрете го преклопникот за заштеда 
на енергија за да го вклучите или исклучите. Поставување на 
процентот на наполнетост на батеријата при кој автоматски ќе 
се вклучи Заштеда на енергија.