LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Додаток
89
Ажурирање на софтверот на уредот
Ажурирање на софтвер за LG уреди преку интернет
За повеќе информации околу користењето на оваа функција, ве 
index.jsp   и изберете ги вашата земја и јазик. 
Оваа функција ви овозможува едноставно да извршите ажурирање 
на firmware на уредот со понова верзија преку интернет, без 
потреба од посетување на центарот за услуги. Оваа функција ќе 
биде достапна единствено ако и кога LG ќе понуди нова достапна 
верзија на firmware за вашиот уред.
Бидејќи ажурирањето на firmware на уредот бара целосно 
внимание од страна на корисникот во текот на процесот, ве 
молиме внимателно проверете ги сите инструкции и белешки кои 
се појавуваат при секој чекор пред да продолжите понатаму. Ви 
обрнуваме внимание дека отстранувањето на USB податочниот 
кабел додека трае надградбата може сериозно да го оштети уредот.
 ЗАБЕЛЕШКА 
• 
LG го задржува правото да понуди нови достапни ажурирања на 
firmware само за одредени модели и по сопствена проценка, и не 
гарантира достапност на понова верзија на firmware за сите модели на 
телефони.
Ажурирање на софтвер за LG уреди преку безжичен 
пренос (OTA)
Оваа функција ви овозможува практично да го ажурирате 
софтверот на уредот со понова верзија преку безжична мрежа 
(OTA), без поврзување со USB податочен кабел. Оваа функција ќе 
биде достапна единствено ако и кога LG ќе понуди нова достапна 
верзија на firmware за вашиот уред.
Прво треба да ја проверите верзијата на софтверот на уредот: 
Поставки > картичката Општо > За телефонот > Центар за 
ажурирање > Ажурирање на софтвер > Проверете сега за 
ажурирање.