LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
 
11
Деца
Чувајте го телефонот на безбедно место подалеку од дофат на мали 
деца. Тој содржи мали делчиња кои доколку се одвојат може да 
предизвикаат опасност од задушување.
Итни повици
Итните повици може да не се достапни на сите мобилни мрежи. 
Затоа, никогаш не потпирајте се единствено на телефонот за итните 
повици. Проверете кај вашиот локален обезбедувач на услуги.
Информации и грижа за батеријата
Не морате целосно да ја испразните батеријата пред да ја 
ставите повторно да се полни. За разлика од други системи 
на батерии, не постои мемориски ефект кој може да влијае на 
перформансите на батеријата.
Употребувајте само LG батерии и полначи. LG полначите се 
дизајнирани да го максимизираат работниот век на батеријата.
Не расклопувајте ја батеријата и внимавајте да не направите 
краток спој.
Внимавајте металните контакти на батеријата да бидат чисти.
Заменете ја батеријата кога повеќе нема да нуди прифатливи 
перформанси. Батеријата може да се полни стотици пати пред 
да биде потребно да се замени.
Дополнете ја батеријата доколку подолго време не била 
користена, за да се продолжи векот на траење.
Не изложувајте го полначот на батеријата на директна сончева 
светлина и не употребувајте го во услови на висока влажност, 
на пример во бањи.
Немојте да ја чувате батеријата на жешки или ладни места, 
бидејќи тоа може да ги намали нејзините перформанси.
Постои опасност од експлозија доколку батеријата е заменета 
со несоодветен тип. Отстранете ги истрошените батерии во 
согласност со упатството.