LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Апликации
64
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• 
За да се заштитите од неочекувани исклучувања во текот на 
архивирањето и враќањето заради недоволно наполнета батерија, 
батеријата секогаш треба да биде целосно наполнета.
 ЗАБЕЛЕШКА 
• 
Сите фајлови кои се складирани на вашиот уред ќе се избришат пред да 
се изврши враќањето од фајлот за архивирање. Ископирајте го фајлот 
за архивирање на друга локација.
• 
Обрнете внимание дека податоците од вашиот уред ќе се презапишат 
со содржината на фајлот за архивирање.
За да ги архивирате податоците од уредот 
1  
Допрете   >   >  .
2  
Изберете ги саканите опции.
Копирај податоци меѓу уреди – Копирајте ги податоците од 
стариот уред на новиот уред.
Архивирање и враќање – Архивирајте ги податоците или 
вратете ги со фајл за архивирање.
Апликации од Google
Google нуди апликации за забава, социјализација и бизнис. За да 
пристапите до одредени апликации, можно е да ви биде потребна 
сметка на Google.
За да погледнете повеќе информации за апликациите, отворете ги 
менијата за помош на апликациите.
 ЗАБЕЛЕШКА 
• 
Одредени апликации може да бидат недостапни во зависност од 
регионот или обезбедувачот на услуги.