LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
71
Мобилен податочен
Приказ на користењето на податоци и ограничувањето за 
користењето на податоци на уредот.
Допрете на 
 за да ја вклучите или исклучите податочната 
врска на уредот. Ова ви овозможува да управувате со 
користењето на податоците на уредот. Можете да користите и 
Wi-Fi мрежно поврзување за податоците.
Поставки за повици
Ви овозможува да конфигурирате разни поставки за повиците.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Поставки 
за повици.
Говорна пошта – Ви овозможува да ја изберете услугата на 
говорна пошта на вашиот оператор.
Броеви за фиксно бирање – Ви овозможува да управувате 
и составувате листа на броеви кои можат да бидат повикани 
од вашиот уред. Ќе ви биде потребен PIN2 кодот, кој ќе го 
добиете од вашиот оператор. По активирањето, од вашиот 
уред ќе можат да се бираат само броевите од фиксната листа за 
бирање.
Известување за дојдовен повик – Приказ на известување за 
дојдовен повик при користење на апликација.
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите 
функцијата за одбивање на повик.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да 
испратите брза порака со помош на оваа функција. Ова е 
корисно доколку треба да одбиете повик за време на состанок.
Проследување на повици – Ви овозможува да изберете кога 
сакате да проследувате повици.
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски 
одговор на поврзаниот hands-free уред за дојдовните повици.
Вибрација при врска – Уредот вибрира кога другата страна ќе 
одговори на повикот.