LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
78
Слика за заднина – Изберете ја заднината која ќе се прикаже 
на заклучениот екран.
Кратенки – Ви овозможува да ги изберете достапните кратенки 
на заклучениот екран.
Информација за контакт за загубен телефон – Ви 
овозможува приказ на информации за сопственикот на 
заклучениот екран во случај да се загуби уредот.
Мерач на време за заклучување – Ви овозможува да го 
поставите времето пред екранот автоматски да се заклучи 
откако ќе измине зададеното време.
Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте 
за моментално заклучување на екранот при притиснување на 
копчето за напојување/заклучување. Оваа поставка добива 
предност пред тајмерот за заклучување.
Копчиња на допир на почетниот екран
Поставете ги копчињата на допир на почетна страница кои се 
прикажуваат во долниот дел на сите екрани. Поставете кои од нив 
да бидат прикажани, нивната позиција на лентата и нивниот изглед.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Копчиња на 
допир на почетниот екран.
Повеќе поставки за екранот
Ви овозможува да поставите дополнителни поставки за екранот. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран.
Тип на фонт – Изберете го саканиот тип на фонт.
Големина на фонт – Изберете ја саканата големина на фонт.
Осветленост – Прилагодете ја осветленоста на екранот со 
користење на лизгачот.
Ориентација – Поставете за автоматско префрлување на 
ориентацијата при завртување на уредот.
Време на истекување на екран – Поставете го времето на 
одложување пред екранот автоматски да се исклучи.