LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Додаток
94
Водич против кражба
Можете да го поставите уредот да не може да го користи никој 
друг доколку бил ресетиран на фабричките поставки без ваша 
дозвола. На пример, доколку вашиот уред се загуби, бил украден 
или комплетно избришан, единствено некој со вашата Google 
сметка или со информации за заклучувањето на екранот може да 
го користи уредот.
За да се осигурате дека вашиот уред е заштитен, потребно е да:
Поставите заклучување на екран: Доколку вашиот уред 
е загубен или украден, но имате поставено заклучување на 
екранот, уредот не може да се избрише преку менито Поставки 
доколку не се отклучи екранот. 
Ја додадете вашата Google сметка на вашиот уред: Доколку 
вашиот уред е комплетно избришан, но с уште ја имате вашата 
Google сметка на него, уредот не може да го заврши процесот 
на комплетирање с додека информациите од вашата Google 
сметка не се внесат повторно. 
Откако ќе се заштити вашиот уред, потребно е да го отклучите 
екранот или да ја внесете лозинката од вашата Google сметка 
доколку сакате да извршите фабричко ресетирање. Ова 
подразбира дека вие или некому кому му верувате го врши 
ресетирањето.
 ЗАБЕЛЕШКА 
• 
Внимавајте да не ја заборавите вашата Google сметка и лозинката која 
сте ја додале на уредот пред фабричкото ресетирање. Доколку не 
можете да ги внесете информациите од сметката за време на процесот 
на поставување, нема да можете да го користите уредот воопшто по 
фабричкото ресетирање.