LG LG Wine Smart (H410) User Guide

Page of 430
Специјални функции
36
По најавувањето, телефонот се синхронизира со вашите Google 
услуги, како Gmail, Контакти и Google календар. Исто така, можете 
да користите мапи, да преземате апликации од Play Store, да ги 
архивирате вашите поставки на Google сервери и да ги користите 
предностите на другите Google услуги на вашиот телефон. 
ВАЖНО
Некои апликации, како Календар, работат само со првата Google сметка која 
ќе ја додадете. Ако планирате да користите повеќе од една Google сметка 
со вашиот телефон, прво најавете се со сметката која сакате да ја користите 
со таквите апликации. Кога ќе се најавите, вашите контакти, Gmail пораки, 
настани во календарот и останатите информации од овие апликации и услуги 
на интернет ќе се синхронизираат со вашиот телефон. Ако не се најавите на 
Google сметка за време на поставувањето, од вас ќе се побара да се најавите 
или да креирате Google сметка првиот пат кога ќе активирате апликација за 
која е потребна таква сметка, како Gmail или Play Store.
Ако имате сметка од фирма преку вашата компанија или друга организација, 
вашиот ИТ оддел може да има специјални инструкции околу тоа како да се 
најавите на таа сметка.
Поставување на Google сметка