Zanussi ZGM62444XA User Manual

Page of 48
плотната за готвење со влажна крпа и
малку детергент. По чистењето,
исушете го апаратот со мека крпа.
• За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла
сапуница и исушете ги внимателно пред
да ги вратите назад.
Чистење на свеќичката
Оваа функција се добива преку керамичка
свеќичка за палење со метална електрода.
Секогаш држете ги овие компоненти многу
чисти за да избегнете отежнато палење и
редовно проверувајте да не се затнати
дупките од круната на пламеникот.
Периодично одржување
Повремено разговарајте со вашиот
локален сервисен центар за да ја проверат
состојбата на цревото за довод на гас и на
регулаторот на притисокот, ако го има.
Решавање на проблеми
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Што да направите ако...
Проблем
Можна причина
Решение
Не можете да ја вклучите или
да ракувате со површината за
готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или не е
правилно поврзан.
Проверете дали апаратот е
правилно поврзан со
електрична енергија.
 
Избил осигурувач.
Проверете дали осигурувачот
е причина за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во контакт со
квалификуван електричар.
 
Капата и круната на
пламениците не се правилно
поставени.
Поставете ги правилно капата
и круната на пламениците.
Пламенот се гасне веднаш по
палењето.
Термоелементот не е
доволно загреан.
Откако ќе го запалите
пламенот, држете го копчето
притиснато 10 секунди или
пократко од тоа.
Прстенот со пламен е
нерамномерен.
Круната на пламеникот е
затната со остатоци од храна.
Проверете да не е затнат
инјекторот и дали е чиста
круната од пламеникот.
Ако не можете да најдете решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај вашиот
продавач или во овластениот сервисен
центар. Наведете ги податоците од
плочката за спецификации. Осигурете се
дека правилно работите со површината за
готвење. Ако неправилно сте ракувале со
површината за готвење, сервисирањето од
страна на сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно, дури
и во гарантниот период. Упатствата за
службата за односи со корисниците и за
условите на гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
10
www.zanussi.com