Zanussi ZRB35210WA User Manual

Page of 68
2
1
3
Вадење на корпите за замрзнување
Корпите за замрзнување имаат граничник
за сопирање што спречува нивно случајно
вадење или испаѓање. Кога сакате да ги
извадите од замрзнувачот, повлечете ја
корпата кон себе и кога ќе дојде до
граничникот, извадете ја корпата кревајќи
го предниот дел нагоре.
Кога ги враќате, кренете го малку предниот
дел на корпата за да ја вметнете во
замрзнувачот. Кога ќе ги поминете
граничниците, турнете ги корпите назад во
положбата.
1
2
Помош и совети
Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време на
работа:
• Слабо клокотење и звук на кркорење од
калемот кога фрижидерот се полни.
• Звук на брмчење и пулсирачки звук од
компресорот кога фрижидерот се полни.
• Ненадеен звук на кршење од
внатрешноста на апаратот како
резултат на термичка дилатација
(природен и физички феномен којшто
не е опасен).
• Слаб звук на чкрипење од регулаторот
на температура кога компресорот се
вклучува или исклучува.
Совети за штедење енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
• Доколку околната температура е висока,
Регулаторот за температура е на ниска
температура и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика
формирање мраз на испарувачот. Ако
се случи тоа, свртете го Регулаторот за
температура кон потопли поставки за да
овозможите автоматско одмрзнување,
со што ќе заштедите и електрична
енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или течности
што испаруваат во фрижидерот
• покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
• ставајте ја храната така што воздухот
може да кружи слободно околу неа
Совети за ладење
Корисни совети:
• Месо (сите видови): спакувајте го во
пластични ќесички и ставете го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
• Најбезбедно е да го чувате на овој
начин само еден или најмногу два дена.
• Зготвена храна, ладни јадења и сл... тие
треба да се покриени и може да се
стават на која било полица.
• Овошје и зеленчук: тие треба да се
убаво измиени и ставени во
специјалните фиоки за нив.
• Путер и сирење: тие треба да се чуваат
во посебни херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија или
пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
• Шишиња: тие треба да бидат затворени
со капаче и да се чуваат на полицата за
шишиња на вратата (ако има) или на
држачот за шишиња.
34
www.zanussi.com