LG LGH818P Guía Del Usuario

Descargar
Página de 572
31
Вашиот почетен екран
Проширен почетен екран
Оперативниот систем нуди повеќе почетни екрани за обезбедување 
повеќе простор за додавање икони, додатоци и друго.
•  Повлечете со прстот налево или надесно преку почетниот екран 
за да пристапите на други екрани. 
Прилагодување на почетниот екран
Можете да го прилагодите вашиот почетен екран со додавање на 
апликации и додатоци или менување на заднини. 
Додавање на елементи на почетниот екран
1  
Допрете и задржете на празниот дел на почетниот екран. 
2  
Од менито Режим на додавање, изберете го елементот кој сакате 
да го додадете. Потоа, на почетниот екран ќе го забележите 
додадениот елемент.
3  
Повлечете го елементот до саканата локација и подигнете го прстот.
СОВЕТ! За да додадете икона на апликација на почетниот екран од екранот 
Апликации, допрете и задржете на апликацијата која сакате да ја додадете.
Отстранување на елемент од почетниот екран
•  Додека сте на почетниот екран, допрете и задржете на иконата 
која сакате да ја отстраните > потоа повлечете ја кон  .