LG F70 - LG D315 Manual De Usuario

Descargar
Página de 606
6
SAR границата препорачана од страна на Меѓународната комисија за 
заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е просечно 2 W/kg на 10 g ткиво.
Највисоката дозволена SAR вредност за овој модел на телефон, кој е 
тестиран за употреба на уво е 0,527 W/kg (10 g), а кога се носи на телото е 
0,472 W/Kg (10 g).
Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при користење 
во нормална позиција наспроти увото или при поставување најмалку на 
1,5 cm оддалеченост од телото. При користење на футрола, прицврстувач 
за ремен или држач за носење на телото, тие не треба да содржат метал и 
треба да бидат поставени најмалку на 1,5 cm оддалеченост од телото. За 
пренесување на податочни фајлови или пораки, на овој уред потребно му 
е квалитетно поврзување со мрежата. Во некои случаи, пренесувањето 
на податочни фајлови или пораки може да биде одложено додека не се 
воспостави такво поврзување. Придржувајте се до горните инструкции во 
однос на растојанието сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само батерии, полначи и други додатоци одобрени за 
користење со овој одреден модел на уред. Употребата на било какви 
други видови може да го поништи одобрението или гаранцијата која 
се однесува на уредот и може да биде опасна.
Не расклопувајте го овој уред. Однесете го на квалификуван сервисер 
доколку е потребна негова поправка.