LG E430 Optimus L3 II Mode D'Emploi

Page de 542
41
Bluetooth
За разлика од повеќето други мобилни телефони, можете да користите
Bluetooth за да испратите податоци со активирање на соодветната апликација,
а не преку Bluetooth менито.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  LG не презема одговорност за загубата, попречувањето или неправилното
користење на податоците кои се испратени или примени преку Bluetooth
безжичната функција.
•  Секогаш осигурете се дека податоците ги споделувате и примате од уреди кои
се доверливи и соодветно заштитени. Доколку постојат пречки помеѓу уредите,
работното растојание може да се намали.
•  Некои уреди, особено оние кои не се тестирани или одобрени од Bluetooth SIG,
може да не бидат компатибилни со вашиот уред.
Вклучување на Bluetooth и впарување на вашиот телефон со Bluetooth 
уред
Пред да се поврзете со друг уред, вашиот уред мора да го впарите со тој уред.
1  
Допрете   > картичката Апликации > Поставки > поставете Bluetooth на
ВКЛУЧЕНО од картичката БЕЗЖИЧЕН И МРЕЖИ.
2  
Повторно допрете го менито Bluetooth. Ќе се прикаже опција за да го
направите вашиот телефон да биде видлив и опција за пребарување на
уреди. Потоа допрете Пребарај уреди за да ги погледнете уредите кои се
во Bluetooth опсегот.
3  
Од листата изберете го уредот со кој сакате да извршите впарување.
Откако ќе се изврши успешно впарување, вашиот уред ќе се поврзе со другиот
уред.