LG E430 Optimus L3 II Mode D'Emploi

Page de 542
57
Користење на напредните поставки
Во визирот, допрете   за да ги отворите напредните опции. Поставките за
фотоапаратот можете да ги промените со движење низ листата. По изборот на
опцијата, допрете го копчето Назад.
Допрете доколку сакате да го промените менито на визирот.
Наоѓа поставки за боја и светлина кои одговараат на моменталната
околина.
ISO вредноста ја определува чувствителноста на светлинскиот
сензор на фотоапаратот. Колку е повисока ISO вредноста, толку
почувствителен ќе биде фотоапаратот. Ова е корисно за темни сцени
кога не може да се користи блиц.
Го подобрува квалитетот на бојата при различни услови на
осветлување.
Применува уметнички ефекти врз сликите.
Се поставува доцнењето по притиснувањето на копчето за снимање.
Ова е идеално доколку и самите сакате да бидете присутни на
фотографијата.
Активирајте за да ги користите услугите за лоцирање. Снимајте
фотографии каде и да се наоѓате и означете ги со нивната локација.
Ако означените слики ги пренесете на блог кој поддржува гео-
ознаки, сликите ќе можете да ги погледнете на мапа.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа функција е достапна само кога е активен GPS.