LG E430 Optimus L3 II Mode D'Emploi

Page de 542
92
Ажурирање на софтверот на телефонот
Ажурирање на софтвер за LG мобилни телефони преку интернет
За повеќе информации околу користењето на оваа функција, ве молиме
посетете ја веб-страницата http://update.lgmobile.com или http://www.lg.com/
common/index.jsp   изберете ги вашата земја и јазик.
Оваа функција ви овозможува едноставно да извршите ажурирање на firmware
на телефонот со понова верзија преку интернет, без потреба од посетување на
центарот за услуги. Оваа функција ќе биде достапна единствено ако и кога LG
ќе понуди нова достапна верзија на firmware за вашиот уред.
Бидејќи ажурирањето на firmware на мобилниот телефон бара целосно
внимание од страна на корисникот во текот на процесот, ве молиме
внимателно проверете ги сите инструкции и белешки кои се појавуваат при
секој чекор пред да продолжите понатаму. Ви обрнуваме внимание дека
отстранувањето на USB податочниот кабел додека трае надградбата може
сериозно да го оштети телефонот.
ЗАБЕЛЕШКА: LG го задржува правото да понуди нови достапни ажурирања
на firmware само за избрани модели и по сопствена проценка, и не
гарантира достапност на понова верзија на firmware за сите модели на
телефони.
Ажурирање на софтвер за LG мобилни телефони преку безжичен пренос 
(OTA)
Оваа функција ви овозможува практично да го ажурирате софтверот на
телефонот со понова верзија преку безжична мрежа (OTA), без поврзување со
USB податочен кабел. Оваа функција ќе биде достапна единствено ако и кога
LG ќе понуди нова достапна верзија на firmware за вашиот уред.
Прво треба да ја проверите верзијата на софтверот на мобилниот телефон:
Поставки > За телефонот > Ажурирање на софтвер > Проверете сега за 
ажурирање.
Ажурирање на софтверот на телефонот