LG G3 - LG D855 Mode D'Emploi

Page de 653
99
Апликации – Поставете ги известувањата од апликациите. Изберете 
Ништо за да не се прикажуваат известувања од апликациите и Приоритет 
за да се прикажуваат известувања со приоритет пред другите и кога Не 
вознемирувај е поставено на Само приоритетно.
Известување со LED-светло – Допрете го преклопникот за префрлување 
помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата Вклучено ќе ја активира LED 
светилката за избраните известувања, во боја поставена за секое од нив.
< Повеќе >
Звуци за известување – Ви овозможува поставување на звуци за 
известување. Исто така, можете да додадете звуци за известувања со 
допирање на   во горниот десен агол на екранот.
Вибрирање на допир – Штиклирајте за вибрирање кога ги допирате 
копчињата на допир на почетниот екран и при одредени интеракции со 
корисничкиот интерфејс.
Звучен ефект – Допрете за да ги поставите тоновите при допирање на 
копчињата за бирање, звуците при допир и звуците за заклучување на 
екран.
Звуци на допир на подлога за избирање – Штиклирајте за 
репродукција на тонови при употреба на тастатура за бирање.
Звук на допир – Штиклирајте за репродукција на звук при избор на 
екрани.
Звуци на заклучување на екран – Штиклирајте за репродукција на 
звук при заклучување и отклучување на екран.
Известување за порака/говорен повик – Допрете го преклопникот за 
Известување за порака/говорен повик за префрлување помеѓу Вклучено 
или Исклучено. Опцијата Вклучено овозможува вашиот телефон автоматски 
да ве известува при влезни повици и пораки.