LG G3 - LG D855 Mode D'Emploi

Page de 653
102
Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте за моментално 
заклучување на екранот при притиснување на копчето за напојување/
заклучување. Оваа поставка добива предност над поставката Тајмер за 
безбедносно заклучување.
Копчиња на допир на почетниот екран
Комбинација од копчиња – Повлечете икона за да ги преуредите 
копчињата на допир на почетната страница. Можете да имате до 5 копчиња 
на допир на почетната страница.
Боја – Поставување на бојата на заднина за копчињата на допир на 
почетната страница. Изберете помеѓу Бела и Црна.
Скриј ги копчињата на допир на почетниот екран – Поставете ги 
копчињата на допир на почетната страница кои се прикажуваат во долниот 
дел на сите екрани. Поставете кои од нив да бидат прикажани, нивната 
позиција на лентата и нивниот изглед. Изберете ги копчињата и редоследот, 
темата и заднината.
< ФОНТ >
Тип на фонт – Поставете тип на фонт кој се користи за телефонот и менијата.
Големина на фонт – Поставете големина на фонтот кој се прикажува на 
телефонот и менијата.
< ОСНОВНИ ПОСТАВКИ >
Осветленост – Прилагодување на осветленоста на екранот. За најдобри 
перформанси на батеријата,
користете ја најмалата осветленост при која удобно гледате.
Ориентација – Штиклирајте за да поставите телефонот автоматски да го 
ротира екранот во зависност од ориентацијата на телефонот (вертикална 
или хоризонтална).
Време на истекување на екран – Поставување на временскиот период 
пред екранот автоматски да се исклучи.
Поставки