LG G4c - LG H525N Mode D'Emploi

Page de 542
98
Ажурирање на софтверот на телефонот
Ажурирање на софтверот на телефонот
Ажурирање на софтвер за LG мобилни телефони преку интернет
За повеќе информации околу користењето на оваа функција, ве молиме 
посетете ја веб-страницата http://www.lg.com/common/index.jsp   
изберете ја вашата земја и јазик. 
Оваа функција ви овозможува едноставно да извршите ажурирање на 
firmware на телефонот со понова верзија преку интернет, без потреба 
од посетување на центарот за услуги. Оваа функција ќе биде достапна 
единствено ако и кога LG ќе понуди нова достапна верзија на firmware за 
вашиот уред.
Бидејќи ажурирањето на firmware на мобилниот телефон бара целосно 
внимание од страна на корисникот во текот на процесот, ве молиме 
внимателно проверете ги сите инструкции и белешки кои се појавуваат 
при секој чекор пред да продолжите понатаму. Ви обрнуваме внимание 
дека отстранувањето на USB податочниот кабел додека трае надградбата 
може сериозно да го оштети телефонот.
ЗАБЕЛЕШКА
LG го задржува правото да понуди нови достапни ажурирања на firmware 
само за избрани модели и по сопствена проценка, и не гарантира достапност 
на понова верзија на firmware за сите модели на телефони.
Ажурирање на софтверот на телефонот