LG G4c - LG H525N Mode D'Emploi

Page de 518
16
Важно известување
Продолжување на траењето на батеријата телефонот:
Исклучете ги радио-комуникациите кога не ги користите. Ако не 
користите Wi-Fi, Bluetooth или GPS, исклучете ги.
Намалете ја осветленоста на екранот и поставете пократко време на 
истекување на екранот.
Исклучете го автоматското синхронизирање на Gmail, Календар, 
Контакти и другите апликации.
Некои апликации кои ги преземате може да ја трошат енергијата на 
батеријата.
Додека ги користите превземените апликации, проверете нивото на 
наполнетост на батеријата.
3.  Пред инсталирање на апликации и ОС со отворен изворен 
код
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку на вашиот телефон инсталирате и користите ОС различен од оној 
кој е обезбеден од производителот, тоа може да предизвика неправилно 
функционирање на телефонот. Дополнително, вашиот телефон веќе нема да 
биде покриен со гаранцијата.
Заради заштита на вашиот телефон и личните податоци, превземајте 
апликации единствено од доверливи извори, како на пр. од Play Store™. Ако 
постојат апликации кои не се правилно инсталирани на вашиот телефон, тој 
може да не работи нормално или може да дојде до сериозна грешка. Мора да 
ги деинсталирате таквите апликации заедно со сите придружни податоци и 
поставки од телефонот.