LG G4c - LG H525N Mode D'Emploi

Page de 518
57
Фотоапарат и видео записи
ЗАБЕЛЕШКА 
Пред снимањето слики, внимателно исчистете го заштитното капаче на 
објективот со ткаенина од микрофибер. Дамките од прсти на капачето на 
објективот може да предизвикаат заматени слики со ефект на "ореол".
Користење на напредните поставки
Во визирот на фотоапаратот, допрете 
 за да се прикажат напредните 
опции. Допрете ја секоја икона за да ги прилагодите следните поставки за 
фотоапаратот.
Прилагодете ја големината на вашите слики и видео записи.
Ви овозможува снимање на слики со гласовни наредби. Кога 
е вклучено, само кажете "Cheese", "Smile", "LG" итн. за да 
снимите слика.
Поставување на тајмерот на вашиот фотоапарат. Оваа опција е 
идеална доколку и самите сакате да бидете дел од сликата или 
видео записот.
Ви овозможува да снимате подобри слики и видео записи 
со прикажување на решеткасти линии како помош при 
порамнувањето.
Поставете локација за складирање за сликите и видео 
записите. Изберете помеѓу IN (внатрешна меморија) и SD 
(мемориска картичка). Ова мени се прикажува само кога е 
вметната SD картичката.
Ви овозможува да дознаете како работи одредена функција. 
Оваа икона ќе ви обезбеди водич за помош.