Samsung 12 kg pračka s Crystal Blue dvířky WW12H8400EW Série WW8000 Manuel D’Utilisation

Page de 664
Македонски - 36
Филтер за остатоци
Се препорачува филтерот за остатоци да се чисти 5 или 6 пати годишно за да спречите затнување. Затнатиот филтер 
за остатоци може да го намали ефектот на меурчињата.
1.  Исклучете ја машината за перење и исклучете го кабелот за напојување.
2.  Испуштете ја преостанатата вода од барабанот како што е објаснето во 
3.  Отворете го капакот на филтерот користејќи паричка или клуч.
4.  Завртете го капачето на филтерот за остатоци налево и испуштете ја 
преостанатата вода.
5.  Отстранете го филтерот за остатоци.
6.  Исчистете го филтерот за остатоци со помош на мека четка. Проверете 
дали перката на одводната пумпа во филтерот е затната.
7.  Вратете го филтерот за остатоци и завртете го капачето на филтерот 
надесно.
•  За да го отворите безбедносното капаче на филтерот, притиснете 
го навнатре и завртете го спротивно од насоката на стрелките 
на часовникот. Пружината во капачето помага при отворање на 
капачето.
•  За да го затворите безбедносното капаче на филтерот, завртете го 
во насока на стрелките на часовникот. Пружината создава звук на 
крцкање, што е нормално.
•  Ако филтерот за остатоци е затнат, на екранот ќе се појави кодот на грешка “5E”.
ВНИМАНИЕ
•  По чистењето, проверете дали капачето на филтерот е правилно затворено. Во спротивно, може да дојде 
до истекување на вода.
•  Откако ќе го исчистите филтерот, проверете дали правилно сте го инсталирале. Во спротивно, може да 
дојде до дефект при работа или истекување на вода.
Untitled-12   36
5/24/2016   3:50:08 PM