LG H420 Guida Utente

Pagina di 526
80
Поставки
Екран
< ПОЧЕТНА СТРАНИЦА & ЗАКЛУЧИ > 
Почетен екран
Cелектирај почетно – Изберете ја саканата тема на почетен екран. 
Изберете помеѓу Почетна Страница (стандарден Android изглед) или 
EasyHome (поедноставена верзија за корисниците кои не се толку 
запознаени со навигацијата на Android).
Тема – Поставување на темата на екранот за вашиот уред.
Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот 
почетен екран.
Ефект на екран – Ги поставува опциите за ефект на повлекување по 
екранот.
Дозволи кружење на почетниот екран – Штиклирајте за да 
дозволите континуирано прелистување на почетниот екран (враќање 
на првиот екран по последниот екран).
Заштита и обнова на Почетно – Поставување за архивирање и 
враќање на изгледот на почетната страница и сликата за заднина.
Помош – Допрете за да добиете информации за користењето на 
почетниот екран на вашиот уред.
Заклучен екран
Одберете заклучување на екран – Поставете тип на заклучување 
на екранот за поголема безбедност на телефонот. Ќе се прикажат 
неколку екрани кои ќе ве поведат низ постапката за исцртување 
облик за отклучување на екранот. Ако сте овозможиле тип со облик 
за отклучување кога го вклучувате вашиот телефон или го активирате 
екранот, од вас ќе биде побарано да го нацртате вашиот облик за 
отклучување за да го отклучите екранот.