LG G4 s Guida Utente

Pagina di 534
78
Поставки
од вашиот оператор. По активирањето, од вашиот телефон ќе 
можат да се бираат само броевите од фиксната листа за бирање.
 
Известување за дојдовен повик – Приказ на известување за 
дојдовен повик при користење на апликација.
 
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите функцијата 
за одбивање на повик.
 
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да 
испратите брза порака со помош на оваа функција. Ова е корисно 
доколку треба да одбиете повик за време на состанок.
 
Проследување на повици – Ви овозможува да изберете кога 
сакате да проследувате повици.
 
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски 
одговор на поврзаниот hands-free уред за дојдовните повици.
 
Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна ќе 
одговори на повикот.
 
Зачувај непознати броеви – Ви овозможува да ги додавате 
непознатите броеви во контактите по повикот.
 
Копчето за вкл/иск исклучува повик – Ви овозможува да го 
користите копчето за напојување за да завршувате повици.
 
Дојдовен повик на чекање – Штиклирајте за да овозможите со 
превртување на уредот да се исклучи звукот за дојдовни повици.
 
Забрана за повик – Заклучување на влезни, излезни или 
меѓународни повици.
 
Траење на повикот – Ви овозможува да го прегледате траењето 
на различните типови на повици.
 
Дополнителни поставки – Овозможува да ги измените следните 
поставки.
 - ID на повикувач: Ви овозможува да ги поставите опциите за ID 
на повикувач.
 - Повик на чекање: Ако е активирана опцијата за повик на 
чекање, телефонот ќе ве предупреди за дојдовниот повик додека