LG G4 s Guida Utente

Pagina di 534
86
Поставки
 
Пребарување на говор – Допрете за конфигурирање на 
поставките за пребарување со говор.
 
Излез за текст-за-говор – Допрете за поставување на 
претпочитан модул или општи поставки за репродукција на текст-
во-говор.
 
Брзина на покажувачот – Прилагодување на брзината на 
покажувачот.
Локација
Вклучете ја услугата за локација, вашиот телефон ќе ја одреди вашата 
приближна локација со користење на Wi-Fi и мобилни мрежи. Кога ќе ја 
изберете оваа опција, ќе бидете запрашани дали се согласувате Google 
да ја користи вашата локација при обезбедување на овие услуги.
 
Начин на работа – Поставува како се одредуваат информациите 
за вашата тековна локација.
 
Фотоапарат – Штиклирајте за да означувате фотографии или 
видео снимки со нивните локации.
 
Иcтopија на локација на Google – Ви овозможува да ги изберете 
поставките за вашата тековна локација до кои имаат пристап 
Google и неговите производи.
Сметки и синхронизација
Користете го менито за поставки на сметки и синхронизација за 
додавање, отстранување или управување со Google и другите 
поддржани сметки. Овие поставки можете да ги употребите и за 
контрола - како и дали сите апликации можат да испраќаат, примаат 
и синхронизираат податоци по нивен сопствен распоред и дали сите 
апликации можат автоматски да ги синхронизираат корисничките 
податоци. 
Gmail™, Calendar и другите апликации исто така може да имаат и 
сопствени поставки за контрола како тие вршат синхронизирање 
на податоци; погледнете ги деловите за овие апликации за повеќе 
детали. Допрете ДОДАДИ СМЕТКА за да додадете нова сметка.