LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Околу упатството за користење
Ви благодариме што го одбравте LG. За безбедна и правилна 
употреба, внимателно прочитајте го ова упатство за користење 
пред да го искористите уредот за првпат.
Секогаш користете оригинална LG дополнителна опрема. Испорачаните 
елементи се изработени само за овој уред и може да не бидат 
компатибилни со другите уреди.
Овој уред не е погоден за лица со оштетен вид заради тастатурата на 
екранот на допир.
Описите се базираат на зададените поставки на производот.
Зададените апликации на уредот подлежат на ажурирања, а 
поддршката за овие апликации може да биде повлечена без претходно 
известување. Доколку имате прашања во врска со апликациите 
овозможени со уредот, обратете се на центарот за услуги на LG. За 
апликации инсталирани од корисникот, обратете се на соодветниот 
обезбедувач на услуги.
Менувањето на оперативниот систем на уредот или инсталирањето на 
софтвер од неофицијални извори може да го оштети уредот и да доведе 
до оштетување или губење на податоците. Таквите дејства ќе го нарушат 
вашиот договор за лиценца со LG и ќе ја поништат гаранцијата.
Одредени содржини и илустрации може да се разликуваат од вашиот 
уред во зависност од регионот, обезбедувачот на услуги, верзијата 
на софтверот или верзијата на OS, и тие подлежат на промени без 
претходно известување.
Софтверот, звучните записи, заднините, сликите и другите медиски 
содржини испорачани со уредот се понудени со лиценца за 
ограничена употреба. Ако ги издвоите и користите овие материјали 
за комерцијални или други цели, можно е да вршите прекршување на 
законите за заштита на авторските права. Како корисник, во целост сте 
одговорни за нелегалното користење на медиските содржини.
Услугите поврзани со пренос на податоци како што се праќање пораки, 
вчитување, преземање на содржини, автоматска синхронизација 
или услугите поврзани со локацијата, може да бидат дополнително 
наплатени. За да избегнете дополнителни трошоци, изберете тарифен 
пакет кој одговара на вашите потреби. За дополнителни детали, 
обратете се до вашиот обезбедувач на услуги.
МАКЕДОНСКИ