LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Основи
31
30
3  
Внесете ги вашето име и презиме, а потоа допрете СЛЕДНО.
4  
Внесете го вашиот телефонски број за безбедност, а потоа 
допрете СЛЕДНО
5  
Следете ги инструкциите и внесете ги потребните и 
опционалните информации за сметката. Почекајте додека 
серверот ја креира вашата сметка.
Најавување на вашата Google сметка
1  
Допрете   >   > 
 > картичката Општо > Сметки и 
синхронизација.
2  
Допрете ДОДАДИ СМЕТКА > Google.
3  
Внесете ја вашата e-mail адреса и допрете СЛЕДНО.
4  
Внесете ја вашата лозинка и допрете СЛЕДНО.
5  
По најавувањето, ќе можете да употребувате Gmail и да ги 
користите предностите на Google услугите на вашиот телефон. 
6  
Откако ќе ја поставите Google сметката, вашиот телефон 
автоматски ќе се синхронизира со вашата Google сметка на 
интернет (доколку е достапна податочна врска).
По најавувањето, телефонот се синхронизира со вашите Google 
услуги, како Gmail, Контакти и Google календар. Исто така, можете 
да користите мапи, да преземате апликации од Play Store, да ги 
архивирате вашите поставки на Google сервери и да ги користите 
предностите на другите Google услуги на вашиот телефон.
Заклучување и отклучување на 
уредот
Копчето за напојување/заклучување го исклучува екранот и го 
става уредот во режимот на заклучување. Уредот автоматски се 
заклучува доколку не се користи одреден временски период. 
Ова помага да се спречат случајните допирања и да се зачува 
енергијата на батеријата. 
За да го отклучите уредот, притиснете го копчето за напојување/
заклучување и повлечете по екранот во која било насока.
Вклучи екран
Функцијата "Вклучи екран" ви овозможува двојно да го допрете 
екранот за негово лесно вклучување или исклучување.
Вклучување на екранот
1  
Допрете двапати на центарот на заклучениот екран за го 
активирате екранот.
2  
Отклучете го екранот или пристапете до достапните кратенки 
или додатоци.
Исклучување на екранот
1  
Допрете двапати на празна област од почетниот екран или од 
статусната лента.
2  
Екранот ќе се исклучи.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Допрете на центарот на екранот. Доколку го допрете долниот или 
горниот дел, стапката на препознавање можеби ќе биде помала.