LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Основи
37
36
За затворање на апликација од листата на последни користени 
апликации, повлечете го прегледот на апликацијата налево или 
надесно. За да ги избришете сите апликации, допрете Избриши 
сè.
Прилагодување на почетниот екран
Можете да го прилагодите вашиот почетен екран со додавање на 
апликации и додатоци или менување на заднини. 
Додавање на елементи на почетниот екран
1  
Допрете и задржете на празниот дел на почетниот екран. 
2  
Од менито Режим на додавање, изберете го елементот кој сакате 
да го додадете. Потоа, на почетниот екран ќе го забележите 
додадениот елемент.
3  
Повлечете го елементот до саканата локација и подигнете го 
прстот.
 ЗАБЕЛЕШКА 
За да додадете икона на апликација на почетниот екран од екранот 
Апликации, допрете и задржете на апликацијата која сакате да ја 
додадете.
Отстранување на елемент од почетниот екран
Додека сте на почетниот екран, допрете и задржете на иконата која 
сакате да ја отстраните > потоа повлечете ја кон  .
Додавање на апликација кон областа за брзи копчиња
Од екранот Апликации или на почетниот екран, допрете и 
задржете на икона на апликација и повлечете ја до областа за брзи 
копчиња. Потоа спуштете ја на саканата локација.
Отстранување на апликација од областа за брзи 
копчиња
Допрете и задржете на саканото брзо копче и повлечете го кон  .
 ЗАБЕЛЕШКА 
Копчето Апликации 
 не може да се отстрани.
Прилагодување на иконите на апликациите на 
почетниот екран
1  
Допрете и задржете на икона на апликација додека не се 
отклучи од нејзината тековна позиција, а потоа пуштете ја. 
Иконата за уредување 
 ќе се појави во горниот десен агол на 
апликацијата.
2  
Повторно допрете ја иконата на апликацијата и изберете ги 
саканиот дизајн и големина на иконата. 
3  
Допрете OK за да ја зачувате промената.
Панел за известувања
Известувањата ве информираат за новите пораки, настаните во 
календарот и алармите, како и за тековните настани, како на пр. за 
време на повик.
Отворање на панелот за известувања
Повлечете надолу од статусната лента за да се отвори панелот за 
известувања. За да го затворите панелот за известувања, повлечете 
по екранот нагоре или допрете на  .
1
2
3
Област 
за брзи 
поставки
Известувања
ИСЧИСТИ