LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Основи
Основи
40
Снимка на екранот
Истовремено притиснете и задржете на копчето за намалување 
на јачина на звук и копчето за напојување/заклучување во 
траење од 2 за да ја снимите моменталната слика на екранот.
За да ја погледнете снимената слика, допрете на   >   > 
 > 
фолдерот Screenshots.
Тастатура на екран
Текст можете да внесувате со помош на тастатурата на екран. 
Тастатурата на екран се прикажува кога ќе допрете празно поле за 
внесување на текст.
Користење на тастатура и внесување на текст
Икона Опис
Допрете еднаш и следната буква која ќе ја внесете ќе 
биде голема буква. Допрете двапати и сите букви ќе 
бидат големи.
Допрете за да ги погледнете поставките за тастатурата. 
Допрете и задржете за промена на методот на 
внесување текст.
Допрете за внесување празно место.
Допрете за креирање нов ред.
Допрете за бришење на претходниот знак.
Внесување на посебни знаци
Тастатурата на екранот ви овозможува внесување на специјални 
знаци.
На пример, за да внесете "á", допрете и задржете на копчето "a" сè 
додека не се појави прозорец и не се прикажат слични специјални 
знаци. Без да го подигнувате прстот, повлечете го кон саканиот 
специјален знак. Кога тој ќе се осветли, подигнете го прстот.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Симболот во десниот горен агол на копчето покажува дека за тоа копче 
се достапни дополнителни знаци.
За да ја поделите или споите тастатурата
Можете да ја поделите тастатурата на половина со хоризонтално 
раздвојување на два прста на хоризонталната тастатура. Ова го 
олеснува пишувањето со палците. Проверете дали е овозможено 
поставувањето Подели тастатура за да ја користите оваа функција.
Допрете   >   > 
 > картичката Општо > Јазик & внес 
Тастатура на LG 
 > Висина и распоред на тастатура > 
Подели Тастатура.