LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
Поставки
82
погледнете во Smart Lock, односно во делот Заклучување и 
отклучување на уредот.
Ефект на екран – Го поставува ефектот кога ќе поминете со 
прстот преку заклучениот екран.
Слика за заднина – Изберете ја заднината која ќе се прикаже 
на заклучениот екран.
Кратенки – Ви овозможува да ги изберете достапните кратенки 
на заклучениот екран.
Информација за контакт за загубен телефон – Ви 
овозможува приказ на информации за сопственикот на 
заклучениот екран во случај да се загуби телефонот.
Мерач на време за заклучување – Ви овозможува да го 
поставите времето пред екранот автоматски да се заклучи 
откако ќе измине зададеното време.
Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте 
за моментално заклучување на екранот при притиснување на 
копчето за напојување/заклучување. Оваа поставка добива 
предност пред тајмерот за заклучување.
Копчиња на допир на почетниот екран
Поставете ги копчињата на допир на почетна страница кои се 
прикажуваат во долниот дел на сите екрани. Поставете кои од нив 
да бидат прикажани, нивната позиција на лентата и нивниот изглед.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Копчиња на 
допир на почетниот екран.
Повеќе поставки за екранот
Ви овозможува да поставите дополнителни поставки за екранот. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран.
Тип на фонт – Изберете го саканиот тип на фонт.
Големина на фонт – Изберете ја саканата големина на фонт.
Осветленост – Прилагодете ја осветленоста на екранот со 
користење на лизгачот.
Ориентација – Поставете за автоматско префрлување на 
ориентацијата при завртување на телефонот.
Време на истекување на екран – Поставете го времето на 
одложување пред екранот автоматски да се исклучи.
Дневно сонување – Изберете заштитник за екран кој ќе се 
прикаже кога телефонот спие, додека е во мирување и/или се 
полни.
Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да 
ја подобрите прецизноста на закосувањето и брзината на 
сензорот.
Општо поставки
Јазик & внес
Ви овозможува да ги промените поставките за внесување на текст.
Изберете го јазикот за текстовите на вашиот телефон и за 
конфигурирање на тастатурата на екран, вклучувајќи ги и 
зборовите кои ги имате додадено во речникот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Јазик & 
внес.
Јазик – Изберете јазик кој сакате да се користи на телефонот.
Зададено – Ви овозможува да го изберете зададениот тип на 
тастатура.
Тастатура на LG – Променете ги поставките за LG тастатурата.
Гласовно пишување нa Google – Овозможете за да изберете 
Google говорно внесување за внесување на податоци. Допрете 
ја иконата Поставки за да ги промените поставките на Google 
говорното внесување.
Пребарување на говор – Допрете за конфигурирање на 
поставките за пребарување со говор.
Излез за текст-за-говор – Допрете за поставување на 
претпочитан модул или општи поставки за репродукција на 
текст-во-говор.