LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
 
 
6
Напатствија за безбедно и ефикасно 
користење
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното 
непочитување може да биде опасно или противзаконско. 
Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена софтверска 
алатка која ќе запише дневник за евиденција на грешки. Оваа 
алатка прибира само податоци кои се специфични за грешката, 
како јачина на сигналот, позицијата на мобилниот уред со ID при 
ненадеен прекин на повик и вчитаните апликации. Дневникот за 
евиденција се користи само за да се одреди причината за грешката. 
Овие дневници за евиденција се шифрирани и до нив може да 
пристапи единствено овластен LG центар за поправки каде би 
требало да го однесете вашиот уред за поправка.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична 
апсорпциона стапка (SAR). 
Овој мобилен телефон - модел H650E е дизајниран за да 
ги задоволува безбедносните барања за изложување на 
радиобранови. Овие барања се базираат на научни упатства кои 
вклучуваат граници на безбедност потребни да ја гарантираат 
сигурноста на сите луѓе, независно од нивната возраст или 
здравствена состојба.
Во упатствата за изложување на радиобранови се користи 
мерна единица позната како специфична апсорпциона 
стапка (SAR). Тестот за SAR се спроведува со употребување на 
стандардни методи при кои телефонот емитува на највисокото 
потврдено енергетско ниво на сите користени фреквентни 
појаси.
Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни 
модели на LG телефони, сите тие се дизајнирани да 
ги задоволат релевантните мерки за изложување на 
радиобранови.
Границата на SAR препорачана од Маѓународната комисија за 
заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е 2 W/kg во просек 
на 10 грама ткиво.
Највисоката вредност на SAR за овој модел на 
телефон тестиран при поставување на уво изнесува 1,040 W/kg 
(10 g) а при поставеност на тело изнесува 1,100 W/kg (10 g).
Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при 
користење во нормална позиција наспроти увото или при 
поставување најмалку на 1,5 cm оддалеченост од телото. При 
користење на футрола, прицврстувач за ремен или држач за 
носење на телото, тие не треба да содржат метал и треба да 
бидат поставени најмалку на 1,5 cm оддалеченост од телото. 
За пренесување на податочни фајлови или пораки, на овој 
уред потребно му е квалитетно поврзување со мрежата. Во 
некои случаи, пренесувањето на податочни фајлови или 
пораки може да биде одложено додека не се воспостави такво 
поврзување. Придржувајте се до горните инструкции во однос 
на растојанието сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
Користете единствено оригинални LG батерии, полначи и 
дополнителна опрема кои се одобрени за употреба со овој 
конкретен модел на телефон. Користењето на кои било други 
видови може да поништи секаква потврда или гаранција која 
важи за телефонот, а исто така може да биде и опасно.
Одредени содржини и илустрации може да се разликуваат од 
вашиот уред без претходно известување.
Не расклопувајте го овој уред. Однесете го на квалификуван 
сервисер доколку е потребна негова поправка.
Поправките извршени под гаранција, по проценка на LG, 
може да вклучат делови или електронски плочи за замена кои 
ќе бидат нови или репарирани, доколку тие имаат еднаква 
функционалност со оние делови кои се заменуваат.