LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
 
 
12
Секогаш извадете го полначот од ѕидниот приклучок откако 
телефонот целосно ќе се наполни, за да избегнете непотребна 
потрошувачка на енергија на полначот.
Реалното траење на батеријата зависи од конфигурацијата на 
мрежата, поставките на производот, начинот на користење, 
како и состојбата на батеријата и околината.
Внимавајте никакви остри предмети како на пр. заби од 
животни или нокти да не дојдат во контакт со батеријата. Ова 
може да предизвика пожар.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Известување за промена на батеријата 
Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да предизвика 
повредување. 
Менувањето на батеријата од страна на неквалификувани лица може да 
доведе до оштетување на вашиот уред.  
Не ги отстранувајте батериите сами. Батеријата може да биде оштетена, 
што може да предизвика прегрејување и повреда. Батеријата мора да 
биде заменета од страна на овластен сервисер. Батеријата треба да се 
рециклира или да се отстрани одделно од отпадот од домаќинствата.
Доколку производот содржи батерија што е вградена во производот 
и што не можат крајните корисници да ја отстранат, LG препорачува 
батеријата да ја отстранат само квалификувани професионални лица, 
било да е за менување или за рециклирање по истекот на животниот 
век на производот. За да спречат оштетување на производот и поради 
нивна сопствена безбедност, корисниците не треба да се обидуваат да 
ја отстрануваат батеријата и треба да ја контактираат линијата за помош 
при услуги на LG или други независни испорачувачи на услуги.
Отстранувањето на батеријата значи и расклопување на куќиштето 
на производот, исклучување на електричните кабли/контакти и 
внимателно вадење на батеријата со специјализиран алат. Доколку 
ви се потребни инструкциите за квалификувани професионални лица 
за тоа како да ја отстраните батеријата безбедно, посетете ја веб-
страницата http://www.lge.com/global/sustainability/environment/take-
back-recycling.
Деца
Чувајте го телефонот на безбедно место подалеку од дофат на мали 
деца. Тој содржи мали делчиња кои доколку се одвојат може да 
предизвикаат опасност од задушување.
Итни повици
Итните повици може да не се достапни на сите мобилни мрежи. 
Затоа, никогаш не потпирајте се единствено на телефонот за итните 
повици. Проверете кај вашиот локален обезбедувач на услуги.
Информации и грижа за батеријата
Не морате целосно да ја испразните батеријата пред да ја 
ставите повторно да се полни. За разлика од други системи 
на батерии, не постои мемориски ефект кој може да влијае на 
перформансите на батеријата.
Употребувајте само LG батерии и полначи. LG полначите се 
дизајнирани да го максимизираат работниот век на батеријата.
Не расклопувајте ја батеријата и внимавајте да не направите 
краток спој.
Заменете ја батеријата кога повеќе нема да нуди прифатливи 
перформанси. Батеријата може да се полни стотици пати пред 
да биде потребно да се замени.
Дополнете ја батеријата доколку подолго време не била 
користена, за да се продолжи векот на траење.
Не изложувајте го полначот на батеријата на директна сончева 
светлина и не употребувајте го во услови на висока влажност, 
на пример во бањи.
Немојте да ја чувате батеријата на жешки или ладни места, 
бидејќи тоа може да ги намали нејзините перформанси.
Постои опасност од експлозија доколку батеријата е заменета 
со несоодветен тип. Отстранете ги истрошените батерии во 
согласност со упатството.