LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Основи
Основи
22
Вклучување и исклучување на 
телефонот
Вклучување на телефонот
Притиснете и задржете на копчето за напојување/заклучување 
на задната страна на телефонот во траење од неколку секунди cè 
додека не се вклучи екранот.
Исклучување на телефонот
1  
Притиснете и задржете на копчето за напојување/
заклучување на задната страна на телефонот cè додека не се 
појави менито Опции на телефонот.
2  
Допрете Исклучување во менито Опции на телефонот.
3  
Допрете OK за да потврдите дека сакате да го исклучите 
телефонот.
Инсталирање на нано SIM 
картичката 
Вметнете ја нано SIM картичката испорачана од мобилниот оператор.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вметнувајте мемориска картичка во отворот за нано SIM картичка. 
Доколку се заглави мемориска картичка во отворот за нано SIM 
картичка, однесете го уредот до центарот за услуги на LG за да ја 
отстраните мемориската картичка.
1  
Вметнете го елементот за исфрлање на нано SIM картичката 
кој се испорачува со телефонот (или тенка игличка) во отворот 
на копчето за исфрлање, и турнете посилно но полека, додека 
лежиштето не излезе. 
 ЗАБЕЛЕШКА 
Копчето за исфрлање е мал кружен отвор веднаш над капачето на 
лежиштето. 
2  
Извлечете го лежиштето за нано SIM картичката. 
3  
Поставете ја нано SIM картичката во лежиштето (како што е 
прикажано на сликата погоре). 
4  
Вметнете го лежиштето за нано SIM картичката. 
 ЗАБЕЛЕШКА 
Пред вметнување или отстранување на нано SIM картичката исклучете 
го телефонот. 
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте кога го отстранувате лежиштето за нано SIM картичката. 
Елементот за исфрлање е многу остар.