LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Основи
25
24
Полнење на батеријата
Наполнете ја батеријата при користењето на телефонот за првпат. 
Употребете го полначот за да ја наполните батеријата. За полнење 
на батеријата можете да користите и компјутер доколку го поврзете 
телефонот на него со USB кабел.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребувајте само полначи, батерии и кабли кои се одобрени од LG. 
Доколку користите неодобрени полначи, батерии или кабли, тоа може 
да предизвика забавено полнење на батеријата. Или пак, ова може да 
предизвика експлозија на батеријата или оштетување на уредот, што не 
е опфатено со гаранцијата.
Приклучокот за полначот се наоѓа на долната страна од телефонот. 
Вметнете го полначот и потоа поврзете го во штекер.
Оптимизирање на траењето на 
батеријата
Продолжете го траењето на батеријата со исклучување на 
функциите кои нема потреба постојано да се извршуваат во 
заднина. Можете да надгледувате колку апликациите и ресурсите 
на системот ја трошат батеријата.
Продолжување на траењето на батеријата телефонот:
Исклучете ги радио-комуникациите кога не ги користите. Ако 
не користите Wi-Fi, Bluetooth® или GPS, исклучете ги.
Намалете ја осветленоста на екранот и поставете пократко 
време на истекување на екранот.
Исклучете го автоматското синхронизирање на Gmail, 
Календар, Контакти и другите апликации.
Некои апликации кои ги преземате може да ја трошат 
енергијата на батеријата.
Додека ги користите превземените апликации, проверете 
нивото на наполнетост на батеријата.
Вметнување на мемориската 
картичка
Вашиот уред поддржува microSD картички до 2TB. Во зависност 
од производителот и типот на мемориската картичка, одредени 
мемориски картички може да не бидат компатибилни со вашиот 
уред.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Одредени мемориски картички може да не бидат целосно 
компатибилни со вашиот уред. Користењето на некомпатибилна 
картичка може да го оштети уредот или мемориската картичка, или пак 
да ги оштети податоците зачувани на неа.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Честото запишување и бришење на податоците го намалува векот на 
траење на мемориските картички.
1  
Вметнете го елементот за исфрлање на нано SIM картичката 
кој се испорачува со телефонот (или тенка игличка) во отворот 
на копчето за исфрлање, и турнете посилно но полека, додека 
лежиштето не излезе. 
2  
Извлечете го лежиштето за мемориската картичка.