LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Основи
Основи
34
Почетен екран
Почетниот екран е појдовна точка за многу апликации и функции. 
Тој ви овозможува да додавате елементи како кратенки за 
апликации и додатоци за Google за брз пристап до информациите 
и апликациите. Ова е главниот почетен екран и тој е достапен од 
кое било мени преку допирање на  .
Запознавање со почетниот екран
Статусна лента
Икони на апликации
Видџет
Индикатор на локација
Област за брзи копчиња
Копчиња на допир на почетна страница
1
6
2
3
4
5
1
Статусна лента - Прикажува статусни информации за 
телефонот, вклучувајќи време, јачина на сигнал, статус на 
батерија и икони за известувања.
2
Видџет - Додатоците се самостојни апликации до кои може да 
се пристапи преку фиоката Апликации или од почетниот екран. 
За разлика од кратенката, додатокот може да функционира како 
апликација на екран.
3
Икони на апликации - Допрете икона (апликација, фолдер итн.) 
за да ја отворите и користите.
4
Индикатор на локација - Означува кој од почетните екрани го 
гледате во моментот.
5
Област за брзи копчиња - Овозможува пристап со еден допир 
до функција на кој било од почетните екрани.
6
Копчиња на допир на почетна страница
  Копче за 
назад
Враќање на претходниот екран. Исто така, 
ги затвора скокачките елементи, како што се 
менијата, дијалог прозорчињата и тастатурата 
на екранот. 
  Копче за 
Почетна 
Страница
Враќање на почетниот екран од кој било екран.
  Копче за 
преглед
Приказ на неодамна користените апликации. 
Доколку го допрете и го држите ова копче, ќе 
се отвори мени со достапни опции.
За да погледнете други панели на почетниот екран
Оперативниот систем нуди повеќе почетни екрани за обезбедување 
повеќе простор за додавање икони, додатоци и друго.
Повлечете со прстот налево или надесно преку почетниот 
екран за да пристапите на други екрани. 
Враќање на неодамна користените апликации
Извршувањето на повеќе задачи со Android е едноставно; можете 
истовремено да извршувате повеќе од една апликација. Нема 
потреба да затворите одредена апликација пред да отворите друга. 
Користете повеќе отворени апликации и префрлувајте се помеѓу 
нив.
Android управува со сите апликации, запирајќи и активирајќи 
ги според потребите за да се спречи непотребно трошење на 
ресурсите од страна на неактивните апликации.
1  
Допрете  . Ќе се прикаже листа на неодамна користените 
апликации.
2  
Допрете ја апликацијата до која сакате да пристапите. Со ова 
нема да се прекине претходната апликација која ќе се извршува 
во заднината. Не заборавајте да допрете за да излезете од 
апликацијата откако ќе престанете да ја користите.