LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Апликации
Апликации
50
Контакти
Можете да додадете контакти на вашиот телефон и да ги 
синхронизирате со контактите од вашата Google сметка или други 
сметки кои поддржуваат синхронизирање на контакти.
Пребарување на контакт
1  
Допрете   > 
2  
Допрете Пребарај контакти и внесете го името на контактот 
со помош на тастатурата. При пишувањето ќе се прикажат 
совпаѓања.
Додавање на нов контакт
1  
Допрете   > 
.
2  
Внесете го бројот на новиот контакт.
3  
Допрете   > Додади во контакти > Нов контакт
4  
Ако сакате да додадете слика на новиот контакт, допрете ја 
иконата за слика. Изберете Фотографирај или Избери од 
галерија.
5  
Внесете ги саканите информации за контактот.
6  
Допрете ЗАЧУВАЈ.
Омилени контакти
Често повикуваните контакти можете да ги класифицирате како 
омилени.
Додавање контакт во вашите омилени
1  
Допрете   > 
.
2  
Допрете на контакт за да ги прегледате деталите за него.
3  
Допрете ја ѕвездата во горниот десен дел од екранот. Ѕвездата ќе 
добие жолта боја.
Отстранување контакт од вашата листа на омилени
1  
Допрете   > 
 > картичката Омилено.
2  
Допрете на контакт за да ги погледнете неговите детали.
3  
Допрете ја жолтата ѕвезда во горниот десен дел од екранот. 
Ѕвездата ќе добие темна боја и контактот ќе се отстрани од 
вашите омилени контакти.
Креирање на група
1  
Допрете   > 
 > картичката Групи.
2  
Допрете   Нова група.
3  
Внесете име за новата група. За новосоздадената група исто така 
можете да поставите и посебен тон за ѕвонење.
4  
Допрете Додади членови за да додадете контакти во групата и 
допрете ДОДАДИ.
5  
Допрете ЗАЧУВАЈ за да ја зачувате групата.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Ако избришете група, контактите доделени на таа група нема да бидат 
избришани. Тие ќе останат во вашата листа на контакти.