LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Апликации
Апликации
56
Интервал на кадар
Можете да снимате на интервали со автоматскиот режим 
користејќи го објективот на предниот фотоапарат. Допрете и 
задржете на   за автоматско снимање на 4 автопортрети по ред.
Брзо фотографирање
Можете да снимате групно со автоматскиот режим на фотоапаратот 
користејќи го објективот на задниот фотоапарат. Допрете и 
задржете на   за да снимите серија од неколку фотографии по 
ред cè додека не го ослободите копчето за снимање. Визирот 
го прикажува бројот на снимените фотографии. Кога ги гледате 
сликите од групното фотографирање во Галеријата, допрете   за 
да се прикаже секоја слика како секвенца (слично како тетратка со 
последователни цртежи).
Приказ на гест
Откако ќе снимите фотографија со објективот на предниот 
фотоапарат, можете автоматски да ја погледнете снимената 
фотографија со овој потег.
1  
Допрете   >   > 
2  
Снимете фотографија со предниот фотоапарат.
3  
Откако ќе ја снимите сликата, доближете го телефонот до вашето 
лице. Ќе се прикаже снимената фотографија.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Во зависност од брзината и аголот на потегот, оваа функција може да не 
функционира правилно.
Кога ќе го промените аголот по Брз преглед, тој ќе се врати во режим на 
фотоапарат. За повторно да ја видите сликата, одете во Галерија.
Автоматски фокус во повеќе точки
Кога снимате слика, функцијата за автоматски фокус во повеќе 
точки функционира автоматски и ви овозможува да гледате чиста 
слика.
4X зумирање
Кога го користите објективот на задниот фотоапарат, можете да го 
зголемувате или намалувате зумот до 4x.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Раката нека ви биде мирна. Оваа функција не работи со одредени 
функции. При снимање на динамични предмети, можно е 
преклопување.
Откако ќе снимите фотографија
За да ја погледнете последната фотографија која сте ја снимиле, 
допрете ја малата слика на екранот.
Допрете за уредување на фотографијата.
Допрете за веднаш да снимите уште една фотографија.
Допрете за да ги отворите достапните опции за 
споделување.
Допрете за да ја избришете фотографијата.
Допрете за да пристапите до дополнителните опции.
Допрете за да ја додадете фотографијата во вашите 
омилени.
Снимање на видео
1  
Допрете   >   > 
.
2  
Врамете го вашиот предмет на екранот.
3  
Допрете 
 за да започнете со снимање на видео записот.
4  
Должината на снимањето е прикажана во горниот дел од 
екранот.