LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Апликации
Апликации
68
Допрете   >   > 
.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Мора да ги вклучите слушалките за да ги користите како антена.
LG Backup
За архивирањето и враќањето на податоците 
од уредот
Се препорачува на внатрешната меморија редовно да креирате и 
зачувувате фајл за архивирање, особено пред ажурирање на каков 
било софтвер. Одржувањето на тековен фајл за архивирање на 
мемориската картичка ќе ви овозможи да ги вратите податоците од 
вашиот уред доколку тој биде изгубен, украден или оштетен заради 
непредвидена причина.
Оваа LG апликација за архивирање поддржува различни LG 
smartphone уреди и таблети, други софтверски верзии или 
оперативни системи. Така, кога ќе купите нов LG smartphone уред 
или таблет, ќе можете да ги архивирате тековните податоци од 
уредот на вашиот нов уред.
Ако однапред ја имате вчитано апликацијата LG архивирање на 
вашиот smartphone уред или таблет, со неа ќе можете да извршите 
архивирање и враќање на најголемиот дел од податоците, 
вклучувајќи преземени и однапред инсталирани апликации, 
означени страници, записи од календарот, контакти, поставки на 
почетен екран и системски поставки.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се заштитите од неочекувани исклучувања во текот на 
архивирањето и враќањето заради недоволно наполнета батерија, 
батеријата секогаш треба да биде целосно наполнета.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Сите фајлови кои се складирани на вашиот уред ќе се избришат пред да 
се изврши враќањето од фајлот за архивирање. Ископирајте го фајлот 
за архивирање на друга локација.
Обрнете внимание дека податоците од вашиот уред ќе се презапишат 
со содржината на фајлот за архивирање.
За да ги архивирате податоците од уредот 
1  
Допрете   >   >  .
2  
Изберете ги саканите опции.
Копирај податоци на нов уред – Ископирајте ги податоците 
од стариот уред на новиот уред.
Архивирање и враќање – Архивирајте ги податоците или 
вратете ги со фајл за архивирање.
Апликации од Google
Google нуди апликации за забава, социјализација и бизнис. За да 
пристапите до одредени апликации, можно е да ви биде потребна 
сметка на Google.
За да погледнете повеќе информации за апликациите, отворете ги 
менијата за помош на апликациите.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Одредени апликации може да бидат недостапни во зависност од 
регионот или обезбедувачот на услуги.
Google
Пребарувајте елементи на интернет или на вашиот уред.
Chrome
Пребарувајте информации и прегледувајте веб-страници.
Gmail
Испраќајте и примајте e-mail пораки преку услугата Google Mail.