LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
75
74
Впарување на вашиот телефон со друг Bluetooth уред
1  
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Bluetooth.
2  
Допрете 
 за да го активирате Bluetooth и за да започнете со 
скенирање на достапни Bluetooth уреди. 
Доколку сакате да ги детектирате уредите кои се во опсегот, 
допрете ПРЕБАРУВАЊЕ.
3  
Од листата изберете го уредот со кој сакате да извршите 
впарување. Откако ќе се изврши успешно впарување, вашиот 
телефон ќе се поврзе со другиот уред. 
 ЗАБЕЛЕШКА 
Впарувањето меѓу два Bluetooth уреди е еднократен процес. Откако 
ќе се создаде впарувањето, уредите ќе продолжат да го препознаваат 
нивното партнерство и ќе разменуваат информации.
Разгледајте ја документацијата која е вклучена со Bluetooth уредот 
околу информациите за режим на впарување и лозинка (типично 0 0 0 
0 – четири нули).
Испраќање податоци преку Bluetooth
1  
Изберете фајл или елемент како контактен или медиумски фајл.
2  
Изберете ја опцијата за испраќање на податоци преку Bluetooth.
3  
Побарајте и извршете впарување со уред со активиран Bluetooth.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Поради различните спецификации и функции на другите уреди кои 
се компатибилни со Bluetooth, приказот и операциите може да се 
разликуваат, а функциите како пренос и размена може да не бидат 
возможни на сите уреди кои се компатибилни со Bluetooth.
Примање податоци преку Bluetooth
1  
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Bluetooth.
2  
Допрете 
 за да го вклучите Bluetooth.
3  
Ќе добиете барање да прифатите обид за впарување од уредот 
кој испраќа. Изберете ПРИФАТИ.
Мобилен податочен
Приказ на користењето на податоци и ограничувањето за 
користењето на податоци.
Допрете на 
 за да ја вклучите или исклучите податочната 
врска од мобилниот телефон. Ова ви овозможува да управувате 
со користењето на мобилните податоци. Можете да користите 
и Wi-Fi мрежно поврзување за податоците.
Поставки за повици
Ви овозможува да конфигурирате разни поставки за повиците.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Поставки 
за повици.
Говорна пошта – Ви овозможува да ја изберете услугата на 
говорна пошта на вашиот оператор.
Броеви за фиксно бирање – Ви овозможува да управувате 
и составувате листа на броеви кои можат да бидат повикани 
од вашиот телефон. Ќе ви биде потребен PIN2 кодот, кој ќе го 
добиете од вашиот оператор. По активирањето, од вашиот 
телефон ќе можат да се бираат само броевите од фиксната 
листа за бирање.
Известување за дојдовен повик – Приказ на известување за 
дојдовен повик при користење на апликација.
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите 
функцијата за одбивање на повик.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да 
испратите брза порака со помош на оваа функција. Ова е 
корисно доколку треба да одбиете повик за време на состанок.
Проследување на повици – Ви овозможува да изберете кога 
сакате да проследувате повици.
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски 
одговор на поврзаниот hands-free уред за дојдовните повици.
Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна 
ќе одговори на повикот.