LG H650E Guida Utente

Pagina di 594
53
Поставување на Google сметка
5  
Откако ќе ја поставите Google сметката, вашиот телефон автоматски 
ќе се синхронизира со вашата Google сметка на интернет (доколку е 
достапна податочна врска).
По најавувањето, телефонот се синхронизира со вашите Google 
услуги, како Gmail, Контакти и Google календар. Исто така, можете 
да користите мапи, да преземате апликации од Play Store, да ги 
архивирате вашите поставки на Google сервери и да ги користите 
предностите на другите Google услуги на вашиот телефон. 
ВАЖНО
Некои апликации, како Календар, работат само со првата Google сметка која ќе ја 
додадете. Ако планирате да користите повеќе од една Google сметка со вашиот 
телефон, прво најавете се со сметката која сакате да ја користите со таквите 
апликации. Кога ќе се најавите, вашите контакти, Gmail пораки, настани во 
календарот и останатите информации од овие апликации и услуги на интернет 
ќе се синхронизираат со вашиот телефон. Ако не се најавите на Google сметка 
за време на поставувањето, од вас ќе се побара да се најавите или да креирате 
Google сметка првиот пат кога ќе активирате апликација за која е потребна таква 
сметка, како Gmail или Play Store.
Ако имате сметка од фирма преку вашата компанија или друга организација, 
вашиот ИТ оддел може да има специјални инструкции околу тоа како да се 
најавите на таа сметка.