LG H650E Guida Utente

Pagina di 594
98
Поставки
•  Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте 
за моментално заклучување на екранот при притиснување на 
копчето за напојување/заклучување. Оваа поставка добива 
предност над поставката Тајмер за безбедносно заклучување.
Копчиња на допир на почетниот екран
Поставете ги копчињата на допир на почетна страница кои се 
прикажуваат во долниот дел на сите екрани. Поставете кои од нив да 
бидат прикажани, нивната позиција на лентата и нивниот изглед.
< ФОНТ >
Тип на фонт
Изберете го саканиот тип на фонт.
Големина на фонт
Изберете ја саканата големина на фонт.
< ОСНОВНИ ПОСТАВКИ >
Осветленост
Прилагодете ја осветленоста на екранот со користење на лизгачот.
Ориентација
Поставете за автоматско префрлување на ориентацијата при 
завртување на телефонот.
Време на истекување на екран
Поставете одложување на времето пред екранот автоматски да се 
исклучи.
< НАПРЕДНИ ПОДЕСУВАЊА >
Повеќе
•  Дневно сонување – Изберете заштитник за екран кој ќе се 
прикаже кога телефонот спие, додека е во мирување и/или се 
полни.
•  Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да ја 
подобрите прецизноста на закосувањето и брзината на сензорот.