LG H650E Guida Utente

Pagina di 594
32
Запознавање со вашиот телефон
Вадење на мемориската картичка
Пред да ја отстраните мемориската картичка, прво оневозможете ја за 
безбедно отстранување.
1  
Допрете   >   > 
 > картичката Општо > Меморија > 
Оневозможи SD картичка.
2  
Отстранете го задното капаче и извадете ја мемориската картичка.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Немојте да ја отстранувате мемориска картичка кога уредот пренесува или 
пристапува до информации. Во спротивно, може да дојде до губење или 
оштетување на податоците или оштетување на мемориската картичка или 
уредот. Компанијата не презема одговорност за загубата која произлегува 
од неправилната употреба на оштетени мемориски картички, вклучувајќи го 
губењето на податоците.
Заклучување и отклучување на уредот
Копчето за напојување/заклучување го исклучува екранот и го 
става уредот во режимот на заклучување. Уредот автоматски се 
заклучува доколку не се користи одреден временски период. Ова 
помага да се спречат случајните допирања и да се зачува енергијата 
на батеријата. 
За да го отклучите уредот, притиснете го копчето за напојување/
заклучување и повлечете по екранот во која било насока.
ЗАБЕЛЕШКА 
Двојното допирање на екранот исто така може да го активира екранот 
наместо копчето за напојување/заклучување.