LG H650E Guida Utente

Pagina di 568
24
Запознавање со вашиот телефон
Полнење на батеријата
Наполнете ја батеријата при користењето на телефонот за првпат. 
Употребете го полначот за да ја наполните батеријата. За полнење 
на батеријата можете да користите и компјутер доколку го поврзете 
телефонот на него со USB кабел.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребувајте само полначи, батерии и кабли кои се одобрени од LG. Доколку 
користите неодобрени полначи, батерии или кабли, тоа може да предизвика 
забавено полнење на батеријата. Или пак, ова може да предизвика експлозија 
на батеријата или оштетување на уредот, што не е опфатено со гаранцијата.
Приклучокот за полначот се наоѓа на долната страна од телефонот. 
Вметнете го полначот и потоа поврзете го во штекер.
ЗАБЕЛЕШКА 
Немојте да го отворате задното капаче додека телефонот се полни.