LG H650E Guida Utente

Pagina di 568
86
Поставки
•  Траење на повикот – Ви овозможува да го прегледате траењето 
на различните типови на повици.
•  Дополнителни поставки – Овозможува да ги измените следните 
поставки. 
< ПОВРЗЛИВОСТ >
Сподели и поврзи
•  NFC – Вашиот телефон е мобилен телефон со NFC можности. NFC 
(Near Field Communication) е технологија за безжично поврзување 
која овозможува двонасочна комуникација помеѓу електронски 
уреди. Таа функционира на растојание од неколку сантиметри. 
Можете да ги споделувате вашите содржини со NFC ознака или 
друг уред со NFC поддршка преку обично допирање со вашиот 
уред. Ако допрете NFC ознака со вашиот уред, на екранот ќе се 
прикаже содржината на ознаката.
•  Android Beam – Кога е вклучена оваа функција, ќе можете 
да пренесувате апликациски содржини кон друг уред со NFC 
можности преку меѓусебно приближување на уредите.  
Едноставно доближете ги уредите еден до друг (обично со задните 
страни) и потоа допрете го вашиот екран. Апликацијата ќе одреди 
што ќе биде проследувано.
•  SmartShare Beam – Ви овозможува да добивате мултимедиумска 
содржина од LG телефони и таблети.
•  Медиумски сервер – Споделувајте медиумски содржини со 
уредите во близина преку DLNA.
•  Miracast – Ви овозможува да го пресликувате екранот и звукот на 
Miracast предавател или телевизор.
•  LG Bridge – Ви овозможува да се поврзете на компјутер за да го 
управувате вашиот телефон.