LG H650E Guida Utente

Pagina di 568
104
Околу упатството за користење
•  Софтверот, звучните записи, заднините, сликите и другите 
медиски содржини испорачани со уредот се понудени со лиценца 
за ограничена употреба. Ако ги издвоите и користите овие 
материјали за комерцијални или други цели, можно е да вршите 
прекршување на законите за заштита на авторските права. Како 
корисник, во целост сте одговорни за нелегалното користење на 
медиските содржини.
•  Услугите поврзани со пренос на податоци како што се праќање 
пораки, вчитување, преземање на содржини, автоматска 
синхронизација или услугите поврзани со локацијата, може да 
бидат дополнително наплатени. За да избегнете дополнителни 
трошоци, изберете тарифен пакет кој одговара на вашите потреби. 
За дополнителни детали, обратете се до вашиот обезбедувач на 
услуги.
Трговски марки
•  LG и LG лого ознаката се регистрирани трговски марки на LG 
Electronics.
•  Bluetooth  е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG, Inc. низ 
целиот свет.
•  Wi-Fi  и Wi-Fi лого ознаката се регистрирани трговски марки на 
Wi-Fi Alliance.
•  Сите останати трговски марки и авторски права се сопственост на 
нивните респективни сопственици.