Samsung ME81K-1 Manuale Utente

Pagina di 160
Македонски - 11
02  
ИНСТАЛИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
одржување
ЧИСТЕЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат редовно за да не се таложат 
остатоци од маснотии и храна:
•  Внатрешните и надворешните површини
•  Вратата и изолацијата на вратата
•  Вртливата плоча и кружните прстени (само модели со вртлива плоча)
СЕКОГАШ проверувајте дали изолацијата на вратата е чиста и дали вратата е добро 
затворена.
Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети површината и да го 
расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.
1.  Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница. Исплакнете и 
исушете.
2.  Отстранете ја нечистотијата или дамките од внатрешната површина на печката со 
насапунета крпа. Исплакнете и исушете.
3.  За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете чаша со разблажен 
лимонов сок во печката и загрејте десет минути со најголема јачина.
4.  Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во машина за миење 
садови.
НЕ истурајте вода на вентилацијата. НИКОГАШ не употребувајте абразивни или 
хемиски средства. При чистењето на изолацијата на вратата особено внимавајте да 
нема остатоци:
•  Кои се наталожени
•  Го попречуваат затворањето на вратата
Исчистете ја внатрешноста на микробрановата печка по секоја употреба со благ 
раствор од детергент, но не правете го тоа веднаш, почекајте да се олади печката за 
да не се изгорите.
Кога го чистите внатрешниот горен дел од печката, најдобро 
е да го спуштите грејачот за 45° и потоа да исчистите. (само 
модели со подвижен грејач)
СКЛАДИРАЊЕ И ПОПРАВКА НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Обрнете внимание на неколку работи во ситуации кога треба да ја складирате или 
сервисирате микробрановата печка.
Не употребувајте ја печката ако вратата или изолацијата на вратата се оштетени како на пр.:
•  Скршени шарки
•  Изабена изолација
•  Изобличено или искривено куќиште
Само квалификуван сервисер може да врши поправки на микробрановата печка.
НИКОГАШ не отстранувајте го капакот од печката. Доколку печката не работи и треба 
да се сервисира или се сомневате во нешто:
•  Исклучете ја од штекер
•  Обратете се во најблискиот сервисен центар
Ако сакате да ја складирате печката привремено, изберете суво и чисто место. 
Причина: Правта и влагата можат неповолно да влијаат на работните делови од 
печката.
Оваа микробранова печка не е наменета за комерцијална употреба.
Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради безбедносни 
причини. 
Ве молиме обратете се во најблискиот овластен центар за грижа за корисници на 
Samsung и побарајте квалификуван инженер да ја замени светилката.
ME81K-1_BOL_DE68-04286C-00_MK.indd   11
2016-01-22     3:17:12