LG H420 ユーザーガイド

ページ / 526
31
Вашиот почетен екран
Прилагодување на почетниот екран
Можете да го прилагодите вашиот почетен екран со додавање на 
апликации и додатоци или менување на заднини. 
Додавање на елементи на почетниот екран
1  
Допрете и задржете на празниот дел на почетниот екран. 
2  
Од менито Режим на додавање, изберете го елементот кој сакате да 
го додадете. Потоа, на почетниот екран ќе го забележите додадениот 
елемент.
3  
Повлечете го елементот до саканата локација и подигнете го прстот.
СОВЕТ! За да додадете икона на апликација на почетниот екран од екранот 
Апликации, допрете и задржете на апликацијата која сакате да ја додадете.
Отстранување на елемент од почетниот екран
Додека сте на почетниот екран, допрете и задржете на иконата која 
сакате да ја отстраните > потоа повлечете ја кон  .
Додавање на апликација кон областа за брзи копчиња
Од екранот Апликации или на почетниот екран, допрете и задржете на 
икона на апликација и повлечете ја до областа за брзи копчиња. Потоа 
спуштете ја на саканата локација.
Отстранување на апликација од областа за брзи копчиња
Допрете и задржете на саканото брзо копче и повлечете го кон  .
ЗАБЕЛЕШКА: Копчето Апликации 
 не може да се отстрани.