LG D405N ユーザーガイド

ページ / 516
26
ЗАБЕЛЕШКА: Ако на вашата мемориска картичка постои содржина, структурата на 
фолдери би можела да се промени по форматирањето бидејќи сите фајлови ќе бидат 
избришани.
Заклучување и отклучување на екранот
Ако телефонот не го користите одредено време, екранот автоматски ќе се исклучи и ќе 
се заклучи. Ова помага да се спречат случајните допирања и да се зачува енергијата на 
батеријата.
Кога не го користите телефонот, притиснете го копчето за напојување/заклучување   за 
да го заклучите телефонот. 
Ако има програми кои се извршуваат кога ќе го заклучите екранот, тие може да продолжат 
да се извршуваат во режимот на заклучување. Се препорачува да се затворат сите 
програми пред да влезете во режим на заклучување за да се избегнат непотребни 
трошоци (на пр. телефонски повици, пристап до интернет и податочни комуникации).
За да го активирате телефонот, притиснете го копчето за напојување/заклучување 
. Ќе се прикаже заклучен екран. Допрете и повлечете во која било насока на заклучениот 
екран за да го отклучите почетниот екран. Ќе се отвори последниот екран кој бил 
прикажуван.
Запознавање со вашиот телефон