LG E610 ユーザーガイド

ページ / 588
15
Важно известување
Пред да го однесете телефонот на сервис или да повикате претставник
на сервисот, проверете дали проблемот со кој се соочувате кај
телефонот е опишан во овој дел.
1. Меморија на телефон 
Кога во меморијата на телефонот има помалку од 10% слободен
мемориски простор, телефонот нема да може да прима нови пораки.
Потребно е да ја проверите меморијата на телефонот и да избришете
дел од податоците, како апликации или пораки за да добиете повеќе
слободна меморија.
За деинсталирање на апликации:
1  
Допрете   > картичката Апликации > Поставки > Апликации од
УРЕД.
2  
Откако ќе се појават сите апликации, придвижете се и изберете ја
апликацијата која сакате да ја деинсталирате.
3  
Допрете Деинсталирање.
2. Оптимизирање на траењето на батеријата
Продолжете го траењето на батеријата меѓу полнењата преку
исклучување на функциите кои нема потреба постојано да се
извршуваат во заднина. Можете да надгледувате колку апликациите и
ресурсите на системот ја трошат батеријата.
Продолжување на траењето на батеријата телефонот:
•  Исклучете ги радио-комуникациите кога не ги користите. Ако не
Ве молиме прочитајте го ова пред да започнете со 
употребата на вашиот телефон!