LG E610 ユーザーガイド

ページ / 588
28
Намалување на трошењето на батеријата
Уредот нуди опции кои помагаат за заштеда на енергијата на
батеријата. Преку прилагодување на овие опции и деактивирање на
функции во заднината, ќе можете да го употребувате уредот подолго
помеѓу полнењата:
•  Активирајте режим за заштеда на енергија.
•  Кога не го користите уредот, префрлете го во режим на мирување со
притиснување на копчето за напојување/заклучување.
•  Затворете ги непотребните апликации со помош на управувачот со
задачи.
•  Деактивирајте ја Bluetooth функцијата.
•  Деактивирајте ја Wi-Fi функцијата.
•  Деактивирајте автоматска синхронизација на апликациите.
•  Намалете го времето на истекување на екранот.
•  Намалете ја осветленоста на екранот.
Користење на мемориската картичка
Вашиот телефон поддржува користење на microSD
TM
или microSDHC
TM
мемориски картички со капацитет до 32 GB. Овие мемориски картички
се специјално дизајнирани за мобилни телефони и други ултра-мали
уреди, и се идеални за складирање на медиски фајлови како музика,
програми, видео записи и фотографии кои може да се користат на
телефонот.
За да вметнете мемориска картичка:
Вметнете ја мемориската картичка во отворот. Внимавајте златната
површина за контакт да биде завртена надолу.
Запознавање со вашиот телефон