LG E610 ユーザーガイド

ページ / 588
44
Поставување на Google сметка
Кога за првпат ќе го вклучите телефонот, ќе имате можност да ја
активирате мрежата, да се најавите на вашата Google сметка и да
изберете како сакате да користите одредени Google услуги.
За поставување на вашата Google сметка: 
•  Најавете се на Google сметка кога тоа од вас ќе се побара при
поставувањето.
 ИЛИ
•  Допрете   > картичката Апликации > изберете Google апликација,
како на пр. Gmail > изберете New за креирање на нова сметка.
Ако имате Google сметка, допрете Existing, внесете ја вашата e-mail
адреса и лозинката, потоа допрете  .
Откако ќе ја поставите Google сметката на вашиот телефон, телефонот
автоматски ќе се синхронизира со вашата Google сметка на интернет.
Вашите контакти, Gmail пораки, настани во календарот и останатите
информации од овие апликации и услуги на интернет ќе се
синхронизираат со вашиот телефон. (Оваа функција зависи од вашите
поставки за синхронизација.)
По најавувањето, ќе можете да употребувате Gmail™ и да ги користите
предностите на Google услугите на вашиот телефон.